TIC ERP

TRON INTERCENTER

Целосното владеење со информациите е клуч до успехот.

Времето во кое живееме, се карактеризира со голем број на брзи промени. Промените не е можно да се следат, ако немаме целосни и квалитетни информации. За успешно водење на едно претпријатие суштинска е употребата на модерен деловен софтвер, бидејќи ова е стратешки ресурс и овозможува остварување на конкурентна предност.

Многу луѓе си го поставуваат прашањето, какви информатички решенија да се изберат, колку средства се потребни за инвестиција и каков софтвер да се избере, за да се обезбеди најдобра конкурентност и предност на пазарот во иднина.

Ние на поставените прашања подготвивме прифатливи решенија, затоа Вас ве каниме на презентација на инвестициско достапниот деловен софтверски производ TRON InterCenter, со кој би можеле во целост да ги совладате деловните процеси, едноставно и брзо да пристапите до клучните информации и така да си обезбедите конкурентна предност на пазарот.

МОДУЛИ

Магацинско работење
Можноста да се користат неограничен број на различни магацини,
Класифицирање на магацините во групи,
Работење по ISO – стандардизирана документација,
Еден артикал на една локација, еден артикал на повеќе локации,
Работа со џебен компјутер,
Систем за работа на јавни царински магацини,
Брз и едноставен попис,
Секогаш точна залиха !

Набавка
Изработка на сите видови набавни документи,
Автоматско генерирање на финансики налози,
Поддршка за електронска трговија XML, RIP, Е-слог,
Оптимизација на залихата,
Системи на прашања, преднарачки и нарачки кон добавувачи.

Големопродажба
Изработка на сите облици на големопродажни документи,
Резервирање залихи,
Количина на пат,
Масовно печатење на документи,
Можност за агентна и амбулантна продажба,
Директна интеграција со Интернет продавниците (B2B, B2C …),
Детален опис на бизнис партнерите со своите комерцијални услови.

Малопродажба
Можност за директно (on line), или индиректно (off-line) поврзување на продажното место со централниот сервер,
Работа во високофрекфентна малопродажна средина,
Произволно прилагодлив временски интервал за синхронизација со централниот сервер,
Сосема централизирана контрола на работењето,
Функционира и во ситуации кога нема мрежна комуникација со централниот сервер,
Кредитна продажба.

Салдаконта
Целосна контрола на бизнисот со купувачи и добавувачи,
Подготовка на финансиски налози,
Салдаконтни израмнувања, преоценка на салдаконтните ставки,
Пресметка на каматни стапки и следење на опомени,
Компензации и автоматизиран платен промет,
Даночни книги и контрола на материјалното и финансиско работење,
Генерирање на примени фактури од набавка.

Главна книга
Комплетна припрема на сите финансиски текови и бизнис операции во согласност со законот и сметководствени стандарди,
Бруто биланс, конто картички, дневник на главната книга,
Изработка на биланси и финансиски извештаи,
Трошковно сметководство,
Автоматизирани месечени преноси во главната книга,
Плати и кадрова евиденција,
Патни налози,
Основни средства.

Производство
Следење на ефикасноста и оптимизација на производниот процес,
Поддршка за повеќенивовска листа на делови и работни налози,
Автоматски систем за резервации,
Составување и расклопување елементи,
Сигнални и идеални залихи и нивна оптимизација.

Сервис
Целосно владеење со сервисните настани,
Водење на причини и грешки по сервисирани артикли,
Контрола на сервисните активности,
Дизајн, анализа и распределба на ресурсите,
Следење на статусот на документите преку Интернет.

Работа на проекти
Свеста за важноста на надзорот врз активноста е постојана деловна функција на компаниите кои се изложени на остра конкуренција. Софтверскиот модул ви овозможува:
Мониторинг на ниво на настанот,
Следење, комбинирање и проценка на проектните документи,
Ефективна контрола на секој проект.

CRM – Customer relationship management
TRON InterCenter CRM алатката овозможува стратешка предност во однос на конкурентите,
Одредување на најпрофитабилните клиенти,
Подобро разбирање на клиентите,
Зголемување на бројот на клиенти и профит,
Предвидување на идните активности како анализа на досегашните резултати,
Намалување на трошоците за работа со изведување на ефективни бизнис операции и мерливи целни,
Зголемување на продажбата преку создавање на вистинска понудата на производи и услуги.

Анализа на деловни процеси – поддршка при одлучување
Дизајниран систем за поддршка при одлучување, обезбедува управување со целосна контрола на бизнисот со сите потребни анализи за да се олесни одлучувањето. Системот ги поддржува сите работни процеси и е многу лесен за ефективна употреба. Можно е да се направи надградба на системот во аналитичка OLAP коцка.

Електронска размена на податоци
TRON InterCenter нуди неколку начини на размена по различни протоколи кои можат да бидат:
Интерна потреба (внатрешен стандард XML),
По точно утврдени структури на податоци кои се договорени помеѓу две или повеќе фирми,
На ниво на бази на податоци (поврзување меѓу различните ERP системи),
Според пропишаните стандарди за размена на податоци (RIP стандард и E-SLOG).

Интернет решенија
Интернет околината во деловниот софтвер TRONInterCenter е целосно интегрирана , преку сите потребни информации (цена, опис, слика, клиенти …) и други продажни активности, се прават само еднаш. Само со еден клик на глувчето се утврдува кои информации ќе се појават на интернет (производи, корисници, нарачки …). По продажбата на интернет процесот продолжува во деловниот софтвер т.е. автоматски се интегрира (анализи, логистика, достава …), и не создава дополнителни трошоци.
Информативниот систем го одделува еден модуларен склоп за интернет трговија во два различни правци, имено, на крајни клиенти (B2C) и за продажба на правни лица (B2B). Целосно е поддржан платниот систем за одобрување на плаќањето со кредитни и дебитни картички. Исто така, се отворени можностите за сите други интернет решенија и сервиси кои Ви се потребни (CRM, услужни дејности …).